Една од најголемите спортски сали во САД, „Стејплс центар“ во Лос Анџелес, ќе биде преименувана според компанија за криптовалути од Сингапур. Таа ќе плати повеќе од 700 милиони долари за правата врз салата која отсега ќе се вика „Crypto.com Arena“.

Договорот има важност од 20 години, а ребрендирањето ќе стапи на сила за Божиќ.

„Стејплс“ е дом на четири професионални екипи, кошаркарските Лејкерс, Клиперс и Спаркс и хокејарската Кингс, но тука исто така концерти одржуваат најголемите светски музички имиња.

Арената беше отворена во 1999 и ова ќе ѝ биде прва промена на името. Компанијата за канцелариски материјали „Стејплс“ плати 100 милиони долари за правата на името во првите десет години, што беше обновено во 2009.

Crypto.com“ е основана во 2016 и денес има 10 милиони корисници.