Министерството за здравство ја регистрираше најмалата бројка нови случаи на коронавирус во изминатите четири месеци, откако во тој период таа главно беше трицифрена.
- Во изминатите 24 часа се потврдени само 11 нови случаи на зараза, што е најмал дневен пораст од 21 април, при што биле направени 450 тестирања.
- Три нови случаи има во Скопје и по еден во Куманово, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Крива Паланка, Берово, Виница и Делчево.
- Од почетокот на епидемијата, во земјата има 14.341 заразено лице.
- Ковид-19 однесе уште три животи во Македонија, па вкупната бројка починати порасна на 603.
- Расте бројот на оздравени лица, 11.157, од кои 95 се нови.
- Во Македонија моментално има 2.581 активен случај на коронавирус.