СДСМ ДОБИ УШТЕ 19, А ВМРО-ДПМНЕ ДВЕ ОПШТИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

СДСМ ја потврди својата доминација на локалните избори, откако освои уште 19 градоначалнички места во вториот круг од гласањето, што се одржа денеска.

Партијата на премиерот Зоран Заев однесе целосна победа и во Скопје, каде што ја презеде власта во сите општини коишто досега имаа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Одличен резултат постигна и ДУИ, кое објави победа во девет општини, вклучувајќи ги Тетово и Струга.

  • Втор круг од локалните избори имаше во 35 општини.
  • СДСМ доби градоначалник во уште 19 општини.
  • Со исклучок на Чаир и Сарај, СДСМ во вториот круг ги освои и преостанатите општини во Скопје, Бутел, Шуто Оризари, Гази Баба и Кисела Вода.
  • ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг славеше во Кавадарци и Зрновце, со што досега најмоќната партија во државата вкупно ќе има градоначалници во само пет општини.
  • На чело на уште две општини дојдоа жени: Теута Арифи (Тетово, ДУИ) и Јасмина Гулевска (Могила, СДСМ).
  • Алијанса на Албанците славеше во три општини, ДПА во една, а Енвер Пајазити како независен кандидат победи во Брвеница.