СЕКОЕ ЌОШЕ ВО ШТИП И БИТОЛА Е НОВОГОДИШНО УКРАСЕНО (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Битола, Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Изминатиот празничен викенд, илјадници посетители од Штип и од соседните градови присуствуваа на првиот ден од едномесечниот новогодишен и божиќен базар во Штип, а Битола го означи почетокот на празничната сезона на 10 декември со свечено палење на новогодишните светилки.

Во Штип почна едномесечниот новогодишен и божиќен базар (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Целокупното централно градско подрачје во Штип во должина од два километра, улиците покрај реката Отиња и самиот кеј се новогодишно украсени, за што Општината предвиде да потроши околу 50.000 евра, заедно со целокупната програма. Украсени се и парковите пред училиштата, како и влезовите на градот од сите страни.

Општина Штип ќе потроши околу 50.000 евра за украсувањето и програмата (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Новогодишниот и божиќен базар ќе трае цел месец на плоштадот Слобода и на новата пешачка улица Ванчо Прќе,  каде ќе биде главната културно-уметничка и забавна програма.

Битола (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Во Битола се украсени Широк Сокак и плоштадот Магнолија до Офицерскиот дом (фото), парковите кај Саат кулата и Старата чаршија, така што секој агол зрачи со празнична магија. Поставени се нови новогодишни украси, а искористени се и дел од претходните години.

Битола (Фото: СМАРТ СДК.МК)

Т. ЈОВАНОВСКИ / Ж. ЗДРАВКОВСКА