ШТИПСКА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ЗА ЏАРО, „ЖИВОТ НА КОЦКА“

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, на летната сцена на Домот на млади во Штип ќе има промоција на книгата „Џаро – Живот на коцка“ од новинарката Милица Џаровска за животот на познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро.

Книгата е во издание на „Три“. Првпат беше во продажба на Саемот на книга во Скопје во мај, а потоа се одржа и промоција во Скопје.

Авторката на скопската промоција изјави дека не било лесно да се пренесат сите ангегдоти на Џаровски на хартија. Невозможно било да се проверат приказните, бидејќи Гугл не располага со податоци за сите мали места низ поранешна Југославија каде што Џаро организирал концерти.

„Времето ќе покаже дали бил живот на коцка, живот со коцка или живот за коцка“, рече тогаш промоторот на книгата Игор Џамбазов.

„Се радувам што ќе се дружам со штипјани. Овој град е многу значаен за мене, а доста од приказните кои се напишани во книгата се случиле токму во Штип“, изјави Џаровски.

(Фото: К. Попов)