Ученици од ОУ „Ванчо Прќе“ за два месеца ги изработија првите мозаични фонтани во Штип. Тие се наоѓаат на платото пред Домот на културата „Ацо Шопов“, а во наредниот период се предвидуваат и други вакви мозаици во градот.
„Мозаикот е специфична и тешка техника, која бара повеќе време, енергија и труд и, секако, подготовка. Им честитам на учениците за нивната самопрегорност и за интересот што го пројавија за изучување на оваа техника“, вели еден од менторите и автор на проектот, Александра Димитрова.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.
Т. ЈОВАНОВСКИ