Улицата Васко Карангелевски во скопски Аеродром утре ќе биде затворена за сообраќај во рамките на одбележувањето на Денот без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. Затворен за автомобилски сообраќај ќе биде потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров од 8 до 20 часот.
„Организирањето на ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која се движи градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор“, велат од Град Скопје.
На улицата ќе се организираат различни културни активности за возрасните и најмладите.