СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА УТРЕ ГО СЛАВИ 93. РОДЕНДЕН И ОТВОРА БЕЈБИ ЗОО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопската Зоолошка градина утре ќе го слави својот 93. роденден. На роденденската забава посетителите ќе се забавуваат со децата од фестивалот „Поточиња“ и со детската претстава „Волшебникот од Оз“ на театарот „Неверленд“, а ќе можат да се сликаат и дружат со Дизни маскотите. Роденденската прослава поради топлото време е закажана во 17 часот.

Утре во Зоолошката ќе биде отворен и бејби зоо, односно посебен дел за младенчиња и питоми животни. Посетителите ќе можат да галат и да се запознаат со штотуку родени срни, зајаци, морски прасиња, белоносести мечиња и разни видови птици. Овој дел од градината ќе биде посебно ограден и влезот ќе чини 20 денари.