Со грант од 300.000 долари од американската филантропска организација „Џ. М. Каплан фонд“ ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби, соопшти Министерството за култура. Овој проект треба да се реализира за период од три години.
Годинава ќе се реализираат повеќе проекти на овој локалитет, за што Министерството за култура издвои 9,4 милиони денари: конзервација на архитектонските остатоци од резиденцијален и комерцијален кварт, археолошки доистражувања на објектот Римски театар, археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживопис и на архитектонски делови од Старата епископска базилика и конзервација и реставрација на сегмент од јужниот градски бедем и јужната порта.
П. ПЕЧКОВ