СО БЕЛГРАДСКАТА ПРЕТСТАВА „АНТИГОНА“ ВО ВЕЛЕС ПОЧНУВА 19. ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ“

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Со изведбата на претставата „Антигона“ на Београдско драмско позориште, вечерва во 20 часот ќе биде отворено 19. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Во режија на Диего де Бреа, во неа настапуваат Дуња Стојановиќ, Јана Милосављевиќ, Павле Пекиќ, Ивана Николиќ, Лука Грбиќ, Владан Милиќ, Мина Ненадовиќ и Стефан Радоњиќ.

Антигона е трагичен судир заснован на конфликтот помеѓу државата и семејството, помеѓу власта и човекот, помеѓу правата од една страна и етиката и моралот од друга страна. Светот не може да биде само со надеж и страв, туку и со вера и бескрајна храброст што му овозможува достоинствен живот на човекот. Да бидеме реални, да го бараме невозможното“, вели режисерот Де Бреа.

Претставата е работена според текстот на Софокле, а нејзината премиера беше кон крајот на мај годинава. Претставата се игра на големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

П. ПЕЧКОВ