СО ДАДО ТОПИЌ ЌЕ СНИМАМЕ АЛБУМ ВО ЗАГРЕБ, ПРВАТА ПЕСНА Е ГОТОВА, ВЕЛИ КОМПОЗИТОРОТ ГРИГОР КОПРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватскиот пејач Дадо Топиќ и македонскиот композитор Григор Копров сношти во Струмица потпишаа договор за соработка на новиот албум на Топиќ, на кој Копров ќе биде автор на дел од песните.

„Се видовме со Дадо во Струмица, настапи на концертот на Иван Кукиќ, ‘Ју фор ју’, каде што ја испеа песната ‘Македонија’. На концертот настапија и други пејачи со хитови од поранешна Југославија. Пред настапот, со Дадо потпишавме договор за соработка, за која зборувавме уште во септември, кога тој ни беше гостин на Охрид фест. На 15 февруари, во Загреб ќе ја снимиме првата песна од новиот материјал, која ја напишав за него“, ни изјави композиторот.

Копров вели дека албумот на Топиќ треба да излезе до крајот на следната година, а можно е да се одржи промоција на Охрид фест.

М. ЏАРОВСКА