Вечерва (5 октомври) со претставата „Едип и пророците“ завршува натпреварувачкиот дел од Фестивалот на античка драма (ФАД) Стоби . Изведбата на Драмскиот театар од Пловдив Бугарија е закажана за 20 часот во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Работена е според текстот на Софокле „Цар Едип“, адаптација на Александар Секулов, во режија е на Дијана Добрева.
„Претставата фрла ново светло врз интерпратацијата на митот на Едип. Во неа за прв пат во светскиот театар биолошки играат мајка и син Едип и Јокаста, тоа е ароматизира претставата на посебен начин. Имаме нов приказ што е вистината за митот за Едип, која е вистинската релација на Едип со прорпците“, кажа селекторот на ФАД Сашо Димоски.
На ФАД Стоби во официјална програма беа пет претстави на театри од Сараево БиХ, Будимпешта Унгарија, Пјонгјанг Јужна Кореја, Скопје и Пловдив Бугарија. Жирито во состав: Владимир Милчин (претседател), Маја Љутков и Ненад Витанов ќе ги објави наградите на 10 октомври, кога концерт ќа има Националниот ансамбл „Танец“.
П. ПЕЧКОВ