Мандолинскиот оркестар од Скопје ќе одржи концерт во Офицерскиот дом во Битола утре (16 декември) од 19 часот. На концертот ќе се свират дела од Вивалди, Огински, Зимер и Мандонико.
Влезот на концертот е слободен, а место билет, публиката треба да донесе истрошена батерија или некој ситен електронски отпад, вели диригентот Ерхан Шукри, кој ја организира оваа еколошка акција со „Нула отпад“. И на годишниот концерт на оркестарот во Скопје минатиот месец, публиката место билет донесе ситен електронски отпад.
Шукри вели дека оркестарот, кој одбележува 22 години постоење, ќе се засили со нови, млади членови, кои ќе се подготвуваат за настапи на европски фестивали.