СО ВИОЛИНСКИ НАСТАП НА АНА КОНДРАТЕНКО УТРЕ СЕ ЗАТВОРА ИЗЛОЖБАТА НА ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Во Музејот на Град Скопје утре се затвора изложбата на слики од реномираниот македонски сликар Владимир Георгиевски. Во рамките на настанот ќе настапи виолинистката Ана Кондратенко.

Изложбата се отвори на 7 декември и содржи над 100 дела од Георгиевски, еден од столбовите на македонската современа уметност, кој почина во 2017. Сликите се изработени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. Куратор на изложбата беше Емил Алексиев.