Македонски средношколци освоија вредни награди на светските првенства Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (ACP), кои се одржаа во Анахајм, Калифорнија, во конкуренција на 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји. Најголемото признание го доби Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје, кој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот натпревар MOS.
Во тимот беше и Лука Зотовиќ од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, кој успешно се претставил на натпреварот заедно со Илина Арсовска, Леонид Петковски и Огнен Бабунски.
„На свеченото прогласување на победниците во Анахајм присуствуваа претставници на многу земји, а нашите натпреварувачи добија големо признание за своите работа и посветеност. Ова е само почеток на нивната успешна кариера и ние со нетрпение ги очекуваме нивните понатамошни успеси и развој“, велат менторите на учениците.
Минатата година, Ања Цветковска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје го освои четвртото место во конкуренција на 133 натпреварувачи од светот.