СТАТУАТА НА ИСУС ВО РИО ЈА ПОЗДРАВИ ТЕЈЛОР СВИФТ ПРЕД ДОАЃАЊЕТО ВО БРАЗИЛ

Рио де Жанеиро, (Ројтерс)

Најпознатата статуа на Исус на светот ја поздрави моментално најголемата музичка ѕвезда Тејлор Свифт пред нејзиното гостување во Бразил. На статуата на Исус Христос Искупителот во Рио де Жанеиро, позната по раширените раце, беше проектирана бела маица со натписот „Добредојде во Бразил“.

По успешните настапи во САД, Мексико и Аргентина, Свифт ја носи својата турнеја „Ери“ во Бразил, каде што ќе има три концерти во Рио и уште три во Сао Пауло.

Свифт ќе има три концерти во Рио и три во Сао Пауло (Фото: АП)

За да се одбележи доаѓањето на Свифт, нејзините бразилски фанови покренаа онлајн кампања за да ѝ се оддаде почит на 38 метри високата статуа. Црквата позитивно одговори на повикот, а за возврат, побара донации од фановите.

Сметана за едно од седумте чуда на модерниот свет, Католичката црква распишала конкурс за изградба на статуата во 1921, со цел да се одбележи еден век независност на Бразил од Португалија. Статуата ја дизајнирале и изработиле бразилскиот инженер Еитор де Силва Коста и францускиот скулптор Пол Ландовски и била отворена на 12 октомври 1931. Во 1973 беше прогласена за историски споменик.