Вечерва во 19 часот, во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје ќе се отвори изложба на Стефан Димовски насловена „Каде одиме…?“.
Димовски е роден во 1983 во Скопје во уметничко семејство. Сериозно почнал да се занимава со акварел во 1995.
„Долгогодишниот престој во Франција му овозможи да воспостави контакти со познати акварелисти и да ја усоврши оваа техника до перфекција“, стои во најавата на изложбата.
Во неговите дела, покрај чистиот акварел, е присутна и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепија, пастел).