ТЕАТАРСКИ ВИКЕНД СО БЕЛГРАДСКА „ДИВО МЕСО“ И СЛОВЕНЕЧКА „ХЕРОИНИ“ НА АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Београдско драмско позориште денеска (20 часот) гостува во Драмски театар во Скопје со претставата „Диво месо“, по текст на Горан Стефановски, во режија на Јагош Марковиќ. Таа е дел од фестивалот на Регионалната унија на театри Група Триглав, во која членуваат и Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче од Љубљана и Градско позориште од Подгорица.

Улогите во „Диво месо“ ги играат Јово Максиќ, Сандра Бугарски, Лука Грбиќ, Марко Тодоровиќ, Александар Вучковиќ, Андријана Ѓорѓевиќ, Љубинка Клариќ, Вања Ненадиќ, Павле Пекиќ, Стефан Радоњиќ, Милан Чучиловиќ, Јана Милосављевиќ и Александар Јовановиќ

Македонскиот режисер Александар Поповски доаѓа со претставата „Хероини“, според Овидиј, а во изведба на Месно гледалишче од Љубљана. Таа се игра утревечер од 20 часот.

Билетите се распродадени за двете претстави.