ТОКА ЗА ЧЕВЛИ ОД МОЦАРТ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 12.500 ЕВРА ВО ВИЕНА

Виена, (ДПА)

Тока за чевли што му припаѓала на Волфганг Амадеус Моцарт, предадена од семејството на чевларот на познатиот композитор, зачувана уште од 18. век, се продаде за 12.500 евра на аукција во Виена.

Купувачот на токата сакаше да остане анонимен, а цената за која ја купи драстично ја надмина очекуваната сума, која се движеше од 2.400 до 4.000 евра.

Непознатиот колекционер ќе го добие врежаното метално парче со рачно напишано писмо на автентичност, во коешто Мари Буен, членка на последната генерација на семејството чевлари, вели дека токата била во сопственост на нејзиниот прадедо Марија Кнолер, мајсторот кој ги обработувал чевлите на Моцарт.

Моцарт ги претпочиташе производите на виенските модни занаетчии, не само поради тоа што имаше скап вкус, туку и поради својот уникатен стил на изведување на сцена.

Според еден биограф од 19. век, во пролетта 1789 година, Моцарт одржал концерт во Дрезден и толку силно удирал со ногата, што ја скршил токата.