Научници од Јапонија и САД имаат развиено нов вид тестирање на крвта, преку кое може да се детектира градењето на токсични протеини поврзани со Алцхајмеровата болест.

Оваа сериозна болест почнува години пред пациентите да почувствуваат какви било симптоми на губење на меморија. Затоа, клучот за лекување на деменција е раното реагирање, пред да започне ненадоместливото умирање на мозочните клетки.

Една од методите е токму наоѓањето на токсичниот протеин, наречен амилоид бета, кој се наталожува во мозокот за време на болеста. Истражувањето е доказ дека крвта може да покаже што се случува во мозокот.

„Од оваа студија имаме голема придобивка, бидејќи за првпат е докажана силната поврзаност помеѓу крвната плазма амилоид и мозочната течност“, вели д Абул Хај од Кралскиот колеџ во Лондон.

Притоа, тестирањето за евентуалното присуство на токсичниот протеин е многу поевтино од скенирањето на мозокот, овозможувајќи преглед на многу поголем број на луѓе.