ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ ОБЈАВИ ДВЕ КНИГИ ДРАМИ ЗА СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Две книги драми за Скопје од драмскиот автор, сценарист и прозаист Томислав Османли деновиве се објавени од книгоиздателството „ВиГ Зеница“. „Драми за Скопје 1 и 2“ е двотомна објава, во која се собрани пиеси, монодрами и сценски прикази од драмски текстови на Османли.

Првата книга ги донесува трите целовечерни пиеси „Светулки во ноќта“, „Техно ѕвезда“ и „Пат за Парамарибо“, а во втората се наоѓаат монодрамите „Облачна исповед“ и „Дирекција за внатрешна контрола“ (единствен неизведен текст од двотомната објава), како и сценските повести „Мементо за еден град“ и „Пруга за ладната пролет“.

Двете книги се поддржани со средства од конкурсот за проекти од културата и уметноста распишан од Град Скопје.