„ТАЛЕНТИ ВО ДВИЖЕЊЕ“ ОД РОТЕРДАМ ВЕЧЕРВА НА ТАНЦ ФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во рамките на 15. Танц фест, од 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се изведе претставата „Таленти во движење“ од Ротердам, Холандија.

Фестивалoт најавува дека програмата за вечерашната претстава се состои од осум кратки кореографии на светски кореографски имиња, кои ќе ги изведат млади танчари од Кодартс, еден од најпрестижните универзитети за танц и музика во Европа.

Гостувањето е поддржано од амбасадата на Кралството Холандија.