Во рамките на фестивалот „Самерленд” во Градски парк во Скопје, вечерва ќе настапи босанската група „Црвена јабука“. Концертот е со почеток во 22 часот.
Преку ден е предвидена детска програма. Од 17 часот, влезот во Зоолошката градина ќе биде бесплатен за сите, а од 18 часот, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче.
В недела од 19 часот, децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21 часот на главната сцена настапува рокенрол бендот „Културно-уметнички работници“.