Под мотото „Твое пиво, твој начин“, „Пивара Скопје“ го пушти во продажба „горско пиво“ во ново пакување и со збогатен вкус, со што се заокружува еден подолг технолошки процес, чија цел беше да се одговори на потребите на потрошувачите.
„Иако брендот ‘Горско‘ е релативно помлад член на семејството пива на ‘Пивара Скопје‘, уште од неговото појавување во 2003 година успешно се позиционираше на македонскиот пазар. Денеска, на неговиот 15-годишен јубилеј, оваа успешна приказна ја продолжуваме со збогатување на неговиот вкус и со освежување на неговиот изглед“, изјавија од „Пивара Скопје“.
Оттаму велат дека пораката на кампањата „Твое пиво, твој начин“ ја одразува инвентивноста која извира од луѓето од оваа земја.
„Токму тоа и претставуваше главна инспирација за кампањата, затоа што таков е и карактерот на брендот ‘Горско‘ – пиво кое ги слави и обединува сите оние кои знаат да го живеат животот на свој начин“.