Скапо шише водка e пријавено за украдено во данскиот главен град Копенхаген, потврди полицијата.

Реткото шише од „Русо-Балтик“ водката чини 1,3 милиони долари, според Брајан Енгберг, кој е сопственик на голема колекција водка.

Енгберг објави фотографија од шишето и снимки од надзорната камера, кои покажуваат млад човек со бејзбол капа и со покриено лице.

Тој вели дека скапото шише, кое е направено од околу три килограми злато и три килограми сребро, не е осигурано.

Водката се појави во ТВ-серијата „Куќа од карти“ и според неговите производители, не е наменета за пиење, туку само за колекционери.

„Шишето го позајмив од Русија, од фабриката ‘Дарц‘, која ја прави најскапата водка на светот. Таа беше во мојата колекција околу една година“, кажа Енгберг.