Овој викенд, Мадона ја започна светската турнеја во Лондон, каде што испеа повеќе од 40 свои хитови. Сепак, речиси подобри од сет листата се новите облеки на кралицата на поп музиката.
Во пресрет на турнејата, „Вог“ разговараше со креативните дизајнери Ејоб Јоханес и Рита Мелсен за одблизу да ги разгледаат креациите на Мадона, изработени по нарачка. Мадона ќе настапува 78 дена во 15 различни земји, па на Јоханес и Мелсен им беше потребна врвна сценска мода.
Дуото дизајнери одлучи темата на шоуто да бидат четиридецениските хитови на Мадона и нејзините најпознати облеки низ кариерата.
„Стилски црпевме од нејзиното минато и ги задржавме тие теми во костимите“, вели Јоханес.
Во најголемиот дел, Јоханес и Мелсен сами ги создадоа и дизајнираа сите костими на Мадона, иако ги ангажираа и дизајнерите како Донатела Версаче, Жан Пол Готје и Дилара Финдикоглу.
Турнејата го следи подемот на Мадона до суперѕвезда, почнувајќи од 1980-ите. За последната песна, Мадона носи панкерски фрак од Финдикоглу, инспириран од оделото што го носеше на настап во Јапонија во 1980-ите.
Во вториот чин, Мадона се сели во 1990-ите, каде што дизајнерите го истражуваат сексуалното изразување.
„Сите танчари се облечени во боксерска облека, а Мадона е во боксерска наметка, но изгледа сензуално кога ќе го открие фустанот“, вели Јоханес.
Третиот чин се фокусира на 2010-ите, а модата е инспирирана од вестерн стилот. Нејзиниот последен изглед, со кожен корсет и кошула, кои се изработени рачно, беше дополнет со каубојска шапка направена од Руслан Багински и пар каубојски чизми. Во четвртиот чин, Мадона носи футуристичка креакција на Версаче.
„Направија креација каква што Мадона досега не носела – мачкин костум изработен во шема на скршено стакло“, вели Јоханес.