УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП ОДБЕЛЕЖУВА 15 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Штип,, (СМАРТ СДК.МК)

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ денеска го одбележа својот 15-годишен јубилеј. Во Штипско Ново Село, каде што се наоѓа ректорската управа, беа положени цвеќиња во чест на македонскиот револуционер, чие име, како што беше речено, Универзитетот со гордост го носи.

Од само два факултета во почетокот, Рударско-геолошкиот и Педагошкиот, Универзитетот денес има 12 факултети и три академии, Ликовна, Музичка и Филмска. Над 15.000 студенти досега развиле стотина студиски програми.

Во рамките на јубилејот има повеќе културно-уметнички програми, а се одржуваат и спортски натпревари со учество и на другите универзитети во Македонија.

Т. ЈОВАНОВСКИ