„ДИШИ ЉУБОВ“ – ПРЕМИЕРА НА НОВИОТ МУЗИЧКИ ПРОЕКТ НА ЏИЈАН ЕМИН ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Диши љубов“ е насловен вечерашниот настан во Филхармонијата, со почеток во 20 часот, што е опишан како музичко-поетски и визуелен перформанс.

Станува збор за премиерната изведба на проектот „оVo“, предводен од композиторот и диригент Џијан Емин. Тој е автор на музиката, додека текстовите ги напиша Тина Иванова. Визуелизациите ги подготви Емил Петров.

Покрај Емин како гитарист и вокал, во групата „оVo“ се и Драган Гиновски (гитара), Ади Имери (гитара, вокал), Дарко Мучев (бас гитара) и Гоце Стевковски (тапани). Тие ќе бидат придружувани од „Магичниот гудачки ансамбл“, во кој членуваат музичари од Филхармонијата и хорот „Магични гласови“.