ВАЛ КИЛМЕР СИ ГО ВРАТИ ГЛАСОТ ЗА НОВИОТ ФИЛМ ПРЕКУ СОФТВЕР ЗА КЛОНИРАЊЕ ГЛАСОВИ

Лос Анџелес, (Пипл)

Холивудскиот актер Вал Килмер водеше екстремно храбра битка против ракот на грлото во последните неколку години. Поради ракот Килмер беше подложен на хемотерапија и две трахеотомии, кои речиси го оставија без глас.

Но, сега актерот го врати својот глас за неговиот документарец „Вал“ спреку новата технологија на „Сонантик“, софтерска фирма од Велика Британија, која клонира гласови. Компанијата успеа да креиера модел на гласот од Килмер, користејќи материјали од негови стари филмови.

„Килмер работеше многу со нас да креираме прототип, што ќе овозможува да користи глас на кој сите можеме да се присетиме од филмовите, што го направија ѕвезда“, велат од компанијата.

„Благодарен сум на целиот тим на Сонантик, кој мајсторски го врати мојотг лас на начин на којшто не сум замислувал дека е возможен. Како човечки битија, способноста за комуникација е суштината на нашето постоење и несаканите ефекти од ракот на грлото ми ја отежнуваа комуникацијата со другите лица.  Можноста да ја раскажам мојата приказна со автентичен и познат глас е неверојатно посебен подарок“, изјави 61-годишниот актер.