ВЕЧЕР НА МЛАДИ КОРЕОГРАФИ ОД СКОПЈЕ ТАНЦОВ ТЕАТАР ВО МКЦ

Скопје (СМАРТ.СДК.МК)

Претставата „Зеро“ со парчиња од четворица млади кореогарфи, во продукција на Скопје танцовиот театар, чиј уметнички директор е Рисима Рисимкин, утре во 20 часот ќе се изведе во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Претставата е составена од четири кореографии, од кои премиерно ќе биде изведено делото „Без стоп“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка, на музика на Зек Хемси, потоа „Азбука“ на Јакуб Мунко, на музика на Виктор Апостоловкси и Јохан Јохансон, „Еден“ во кореографија на Александра Петрушевска, на музика на Александар Гроздановски и „Јас и вие“ во кореографија на Дејан Битровски.

Играат танчарите на СТТ: Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Јакуб Мунко, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Јована Зајкова, Сара Цветковска, а свое деби ќе имаат Тереза Лазарев, Бобан Русески и Артемиса Морина.

Од Скопје танцовиот театар, која е прва компанија за современ танц во Македонија, велат дека преставата „Зеро“ со почит ја посветуваат на прерано починатата примабалерина и кореографка Јагода Сланева.