ВЕЛЕШКАТА БИБЛИОТЕКА ГИ НАГРАДИ ЧЛЕНОВИТЕ СО НАЈМНОГУ ПРОЧИТАНИ КНИГИ ВО 2021

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес ги награди членовите кои прочитале најмногу книги во 2021 година. Кај возрасните, тоа е Десанка Илова, а од детскиот оддел Ангела Здравковска.

Наградени се и највозрасната читателка Марија Питиќова и најмладата Матеја Мартиновска. Сите тие добија книга и бесплатна членарина за следната година.

Минатата година, во велешката библиотека имало 5.527 членови, од кои 2.405 биле деца. Споредено со 2020, тоа се 313 членови повеќе, но сите од одделот за возрасни, додека кај децата има пад на бројот на членови.

П. ПЕЧКОВ