Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ најави дури три премиери за овој месец.
Првата претстава „Креонт и Антигона“ е работена според антички текстови, во режија на младиот струмичанец Дејан Ангелов, па следува „Татко“, според истоимениот филм со Ентони Хопкинс, а во режија на Ненад Витанов.
За крај на годината ќе се одигра новогодишна претстава за деца во режија на Александар Ивановски, насловена „Зимска приказна“.
На тековниот репертоар е и претставата „Инферно“ на Дејан Пројкоски, работена според „Пеколот“ на Данте, чии три досегашни изведби беа распродадени.
П. ПЕЧКОВ