ВЕСНА НИЧЕВСКА СО ИЗЛОЖБАТА „ЕРОС И ТАНАТОС“ ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Ерос и Танатос“ од Весна Ничевска. Настанот ќе биде реализиран по соодветен протокол, со запазување на препорачаните мерки за заштита, велат од МКЦ.

Сликарката ќе се претстави со 40-ина дела со фигуративна, но експресивна содржина во различни техники: туш, акварел, акрилик, пастел и комбинирана техника.