ВИЛИЈАМ И КЕЈТ ИГРАА ХОКЕЈ ВО ШВЕДСКА

Стокхолм, (АП)

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт играа хокеј, за почеток на нивната посета на Шведска и Данска.

Вилијам и Кејт, која е бремена со нивното трето дете, вчера ја почнаа четиридневната посета на Скандинавија, со посета на лизгалиште поставено надвор во шведскиот главен град Стокхолм.

Подоцна тие беа на ручек со шведскиот крал Карл Густаф 16 и кралицата Силвија, а претходно го посетија музејот кој ја раскажува приказната за Нобеловата награда.

Во патувањето е вклучена и посета на медицинскиот институт, каде принцот и војвотката ќе се сретнат со научниците за да разговараат за шведскиот пристап при справување со предизвиците на менталното здравје, тема за која британското кралско семејство води кампања.

Кралската двојка в четврток ќе продолжи кон Норвешка.