ВО КИНА ОТВОРЕНА ЗООЛОШКА ГРАДИНА СО ПИНГВИНИ НА ДУВАЊЕ И КОКОШКИ ВО КАФЕЗ

Пекинг, (Сан)

Голем број луѓе нагрнале на отворањето на зоолошката градина во кинескиот град Јулан за да видат „екстремно ретки пингвини од Јужниот пол“, но набргу сфатиле дека се измамени.

Место пингвини и други егзотични животни, на нив им биле понудени играчки на дување.

Единствените вистински животни во градината биле кокошки, гуски и желки (Фото: Веибо)

Настанот бил рекламиран на широко, па привлекол голем број луѓе од регионот Гвангши Џуанг, за што придонесла и цената на картата од 1,60 фунти.

Сѐ да биде многу полошо, единствените вистински живНАотни во градината биле кокошки, гуски и желки.

Една од желките била ставена во стаклена кутија, при што гостите биле охрабрувани да оставаат пари, зашто таа, наводно, носела среќа.

За да не избегаат, кокошките биле држени во кафез.

„Ова е најголемата навреда за нашата интелигенција“, напиша еден корисник на Веибо, кинеската верзија на Твитер.

Најлошата зоолошка градина на светот, како што беше наречена, во меѓувреме, беше затворена.