ВО РОМАНТИЧНИТЕ КОМЕДИИ ЉУБОВНИТЕ СЦЕНИ ТРААТ ДО ДВЕ МИНУТИ, РЕЧЕ АКТЕРКАТА МЕГ РАЈАН НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО САРАЕВО

Сараево, (Аваз)

Холивудската ѕвезда Мег Рајан е во Сараево за време на Сараевскиот филмски фестивал. Рајан учествуваше на мастеркласот што го водеше босансиот режисер и сценарист Данис Тановиќ.

Салата во која се одржуваше мастеркласот беше исполнета до крај, а Рајан зборуваше за нејзините улоги, глумата и за фестивалот во Сараево.

„Прекрасно е да се биде овде. Чест ми е што сум со вас. Убаво е да се доаѓа на филмски фестивали, особено со независни филмаџии. Тоа е многу интересно“, рече актерката.

Со оглед на тоа дека повеќето нејзини филмови се романтични комедии, таа откри како се снимаат сцени од овој жанр.

„Сето тоа е многу прецизно напишано. Нема дел што е импровизиран. Но, тоа е она што е фасцинантно, бидејќи е навистина добро чувството. Во романтичните комедии најчесто имаме љубовни сцени кои траат од 90 секунди до две минути. Тоа е најдолгата сцена во филмот“, рече Рајан.

Холивудската ѕвезда откри дека некогаш морала да снима многу повеќе сцени од вообичаено.

„Еден ден снимивме дијалог од речиси 18 страници. Обично кога снимате филм, а многумина овде можеби не знаат, обично се снимаат 2-3 страници“, изјави Рајан.

Мег Рајан ќе ја добие наградата „Почесно срце на Сараево“ на 30. Сараевски филмски фестивал како признание за нејзиниот придонес во филмската уметност.

Рајан ќе го претстави и нејзиниот најнов филм „Што се случува подоцна“, романтична комедија што таа ја режираше и напиша, во која глуми заедно со Дејвид Духовни.

 

Фото: „Сарајево тајмс“