Книгата „Кралство без напишана историја“ од Павле Рибарски беше промовирана во Штип.
„Книгата го претставува старото кралство Пајонија како стара цивилизација на овие простори кое сѐ уште не е познато во целост, освен што има закопани артефакти од тоа минато време, но не и други поверодостојни документи“, вели Рибарски.
Рецензентот Чедо Цветановски рече дека книгата е историографска поема која е поделена на два дела,.
Рибарски е роден во Штип во 1943 и студирал во Словенија. Во 2017 ја издал стихозбирката „Штип и Љубљана“, а по неа се промовирани книгите „Џидимирци“, „Починка на уморени спомени“ и „Штипски и љубљански носталгии“.
Т. ЈОВАНОВСКИ