ЗАЕВ И МИЦКОСКИ НЕМААТ КОРОНАВИРУС, НО ОД ДЕНЕСКА СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ИНТЕРВЈУ СО ЗАРАЗЕН НОВИНАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Македонија се потврдени уште 48 случаи на коронавирус, додека во земјата почна најдолгиот полициски час досега.

  • Бројката заразени со коронавирусот порасна на 711, што е 48 повеќе во споредба со вчера.
  • Најмногу нови случаи има во Куманово – 25, па следуваат Скопје со 11, Прилеп со четири, Струга со три, Гостивар со два, како и по еден во Штип, Тетово и Охрид.
  • Од КОВИД-19 досега починале 32 лица, а заздравиле 41.
  • Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе го поминат наредниот период во изолација, иако имале негативен тест на коронавирус.
  • Тие беа тестирани откако се дозна дека новинарот на телевизијата „Канал 5“ кој неодамна им правел интервју е заразен со коронавирус.
  • Во целата земја овој викенд нема да смее да се излегува надвор, откако во 16 часот почна продолжениот полициски час, како најригорозна мерка против ширењето на коронавирусот досега. Тој ќе трае до пет часот в понеделник.
  • На светско ниво денеска беше надмината бројката од 100.000 починати од КОВИД-19, а досега има и повеќе од 1,6 милиони заразени.