Во Загреб почна изградбата на велосипедска магистрала долга над 20 километри. Означувајќи го почетокот на градежните работи, градоначалникот Томислав Томашевиќ изјави дека првата етапа од проектот е вредна 263.000 евра и дека треба да биде завршена за три месеци.
„Се надеваме дека патеката ќе биде отворена за неколку месеци. Магистралата е долга 22,3 километри, од кои 1.200 метри ќе поминуваат под железнички вијадукт“, изјави Томашевиќ.
Оваа делница ќе биде и првата покриена велосипедска патека во Загреб, а Томашевиќ кажа дека ЛЕД-светлата ќе се активираат при поминувањето на велосипедистите.