Зоолошката градина во Скопје нема да прима посетители во наредните две недели, согласно препораките на Владата за превенција од ширењето на коронавирусот.
Од денеска се затворени сите училишта и факултети во земјата и се забранети јавни собири и настани со повеќе од 1.000 луѓе, но беше препорачано ова да важи и за помали собири.
Во таа насока, кината Милениум и Синеплекс ги откажа сите проекции во наредните 14 дена, а настани нема да има ни во Младински културен центар.