ЅВЕЗДАТА НА ДОНАЛД ТРАМП УНИШТЕНА СО КОПАЧ СРЕДЕ ДЕН

Лос Анџелес, (АП)

Ѕвездата на Доналд Трамп на холивудската Патека на славните била уништена денеска среде ден.

Полицијата на Лос Анџелес објави дека вандалскиот чин се случил во 15.30 часот по локално време и дека едно лице е приведено.

Сведоци за Ен-Би-Си изјавиле дека виделе маж како вади копач од торба за гитара, по што со него ја уништил ѕвездата и повикал полиција. Тој потоа избегал од местото, но подоцна сам се пријавил во полиција.

Ѕвездата на идниот претседател на САД беше поставена на булеварот Холивуд во 2007 година, како признание за неговата работа на реалното шоу „Изборот на Доналд Трамп“.

Таа во минатото неколку пати беше оштетувана, прво со графити, а потоа и со чекан во пресрет на изборите во 2016.