ГЛАВНИОТ ГРАД НА БАСКИЈА ГИ ОТФРЛИ АВТОМОБИЛИТЕ ПРЕД МНОГУ ГОДИНИ И СЕ ОКРУЖИ СО 30 КИЛОМЕТРИ ЗЕЛЕНИЛО

Мадрид, (Гардијан)

Тие го викаат anillo verde или зелен прстен, 30 километри долга серија на паркови и велосипедски патеки што го окружува Виторија-Гастеис, главниот град на шпанскиот регион Баскија. Овие широки, мирни авении со високи дрвја поврзуваат паркови, плоштади и населби, формирајќи кружна оаза околу центарот на градот, кој е главно без автомобили и каде што, освен трамвајот што поминува, доминираат звуците на разговор и песната на птиците.

Иако многу градови низ светот се стремат кон ваква зона, Виторија-Гастеис го почнал процесот пред многу децении, станувајќи глобален лидер на полето на урбана зелена политика.

Додека поствоената Шпанија правеше транзиција од рурално во изразено урбано општество, населението во Виторија-Гастеис се зголемило од 52.000 луѓе во 1950 на 253.000 денес, со што пораснала и употребата на автомобилите.

Во 2019, Обединетите нации го прогласија Виторија-Гастеис за Глобален зелен град

Тоа станала главната грижа за градските власти, па одлучиле да го направат центарот на градот попешачки. Така е создадена првата мрежа на велосипедски патеки во Шпанија, која денес изнесува 180 километри и е една од најдолгите во земјата. Планот за креирање зелен прстен се појавил во 1980-тите, а реализацијата почнала во следната деценија и се предвидуваше да се посадат 250.000 дрвја.

Денес, никој не живее подалеку од неколку минути од зелен простор, а градот има 50 квадратни метри зеленило по жител (Лондон има 31, а Барселона 17).

Ние сме град во кој луѓето сакаат да возат велосипед и да шетаат по ридовите и голем дел од поттикот за правење на Виторија зелен град доаѓа од неговите граѓани“, изјави Борха Родригес, задолжен за еколошките политики во градот.

Во 2006 почнаа да се градат и таканаречените суперблокови како во Барселона, делови каде што нема сообраќај. Тоа ги зголеми пешачките области од 31% на 71%.

Во 2019, Обединетите нации го прогласија Виторија-Гастеис за Глобален зелен град.