ЛОНДОН ЈА ПРОШИРИ ЗОНАТА НА НИСКИ ЕМИСИИ ОД СООБРАЌАЈОТ НА ЦЕЛИОТ ГРАД

Лондон, (Ројтерс)

Шемата за намалување на штетните емисии од сообраќајот, што вклучува дневни казни за возилата кои најмногу загадуваат, од денеска е проширена на целиот Лондон.

Зоната на ултраниски емисии (УЛЕЗ) беше воведена во 2019 во мал дел од централниот Лондон и беше проширена во 2021. Таа сега ќе покрие области во кои што живеат уште пет милиони луѓе, од кои некои немаат така добра поврзаност со јавниот превоз.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека проширувањето на УЛЕЗ ќе го намали бројот на смртните случаи поврзани со загадувањето и ќе помогне да се спречат климатските промени. Оние кои возат стари возила кои повеќе загадуваат ќе мора да плаќаат 12,50 фунти на ден.

„Проширувањето на зоната беше тешко, не неопходно. Тоа е интегрален дел од нашите политики за борба против аерозагадувањето“, кажа Кан.

Според него, девет од десет возила во Лондон се веќе усогласени со УЛЕЗ.

(Фото: Гети)