Париз почна да ја сади својата прва урбана шума, додека се обидува да стане еден од најзелените градови во Европа. До крајот на пролетта, во шумата ќе има 470 дрвја, заменувајќи област која порано беше прометен кружен тек.
„Тоа исто така значително ќе го намали аерозагадувањето. Каде и да создадеме ваков тип на место, тоа ќе ни овозможи да имаме област за пешачење и возење велосипед и ќе ја намалиме употребата на автомобилите“, изјави градоначалничката Ан Идалго.
Таа беше повторно избрана во 2020 со ветувањето за масовно зазеленување на Париз, што предвидуваше садење на 170.000 дрвја. Од нејзиниот кабинет тврдат дека до летото 2023 биле засадени 63.500 дрвја.
„Уште 45.000 дрвја ќе бидат засадени оваа зима, што значи дека се доближуваме до две третини од целта. Со вкупен буџет од над 100 милиони евра, посадивме најмногу дрвја на улиците на Париз во последните 150 години“, изјави заменик-градоначалникот Кристијан Најдовски.