САМОИЗОЛАЦИЈА И КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ВО НЕА

Лондон, (Би-Би-Си)

Во Македонија околу 200 луѓе се во изолација како превентива од ширењето на коронавирусот.

Што треба да се знае за самоизолација и како треба да се постапува?

  • Како целосно отсекување од остатокот на светот, при самоизолација мора да се остане дома, што значи нема одење на работа и јавни места и избегнување јавен превоз.
  • Основна работа е да се престојува во добро проветрена соба со прозорец и да се држите подалеку од други луѓе.
  • Купувајте преку интернет или побарајте помош од пријатели или членови на семејството ако ви требаат намирници или лекови.
  • Никако не смеете да примате посетители, па намирниците треба да се оставаат пред вратата од собата.
  • Ако при изолација не можете да ги избегнете луѓето со кои живеете, држете растојание од барем два метра и редовно поминувајте ги површините со кујнски производи за чистење.
  • Секој што се сомнева дека би можел да биде заразен треба да остане во изолација 14 дена.
  • За значителен ризик се смета ако сте поминале 15 минути на два метра растојание од заразено лице или ако сте имале контакт лице во лице.
  • Симптоми на КОВИД-19 се треска, сува кашлица и проблеми со дишењето и во просек, тие се појавуваат околу петтиот ден.