СЕЛО ВО ЦРНА ГОРА 10. ПАТ ОРГАНИЗИРА НАТПРЕВАР ВО ЛЕГАЧЕЊЕ, РЕКОРД Е 52 ЧАСА

Подгорица, (Н1)

Село во Црна Гора по 10. пат организира натпревар во легачење, а победникот ќе однесе награда од 300 евра. Актуелниот рекорд во лежење изнесува 52 часа.

Натпреварот се одржува во етно-селото Брезна, сместено меѓу Никшиќ и Плужине. На натпреварувачите им е забрането да стануваат, а дозволено им е да спијат, читаат и јадат. Ново правило е што на секои осум часа ќе можат да одат во тоалет.

Ова е единствено натпреварување во Европа, кое се вклопува во општоприфатениот стереотип за Црногорците дека се мрзливи.

„Токму поради тој мит и дојдовме на идеја за вакво натпреварување. Луѓето доаѓаат да се дружат, но и да покажат дека и со лежење може да се заработи нешто“, изјави сопственикот на етно-селото Миќо Благојевиќ.