ТУНЕЛ ВО БАРСЕЛОНА ПРЕНАМЕНЕТ ВО САЛА ЗА КАЧУВАЊЕ КАРПИ

Барселона, (Ројтерс)

Тунелот Фоисарда во Барселона е пренаменет во бесплатна сала за вежбање на качување карпи, со илјадници држачи во сите форми, големини и бои, што помогна да се популаризира спортот и да стане официјален олимписки настан.

„Има многу страст овде. Наградата е да се види како луѓето се занимаваат со овој спорт“, рече Маноло Санчес (58), чија посветеност го трансформираше поранешниот тунел во урбана сала за качување.

Качувањето карпи дебитираше на Олимписките игри во Токио и ќе биде на програмата и во Париз.

Опремен со повеќе од 9.000 држачи, тунелот сега е отворен деноноќно и е бесплатен за користење (Фото: Boulderlovers)

Санчес почнал да се качува во тунелот во 1992, кога Олимпијадата се одржа во Барселона, користејќи камења и парчиња дрво залепени на ѕидовите, пред да почне да прави свои држачи во 1995. Тогаш, тој и неговите пријатели можеле да го користат тунелот само во текот на ноќта поради сообраќајот и се нарекуваа себеси вампири. Материјалите ги плаќа со заработката од салата за качување што ја води и со донации од алпинисти.

Опремен со повеќе од 9.000 држачи, тунелот сега е отворен деноноќно и е бесплатен за користење.

„Тунелот е голем подарок, бидејќи ова е многу скап спорт“, рече италијанската алпинистка Мартина Детасис.

Осумнаесетгодишниот син на Санчес, Давид, кој и самиот е алпинист, рече дека ако го немало тунелот, многу алпинисти во денешно време немало да бидат тоа што се.

(Фото: Boulderlovers)