Готвачот од Јужна Африка Марио Бернард вели дека бил запрепастен што не можел целосно да ужива во вкусот на скорпиите на скара и крвкавите инсекти, имешани со лук и зачини, за време на неговото патување до Тајланд пред четири години.
Тоа искуство го инспирирало Бернард да почне да експериментира со оброци на база на инскети и во јули го отвори „Искуство со инсекти“, првиот ресторан во Јужна Африка кој служи оброци само со инсекти.
Тој се здружил со локалната фирма „Гурме граб“ кои прават млеко и протеини во прав од ларви, за да го произведува сладолед од инсекти.
Во ресторанот се служат мали чинии со инсекти, како и топли црви, и поголеми сушени црви, кои важат за деликатес во некои земји во Африка.