ОПРА ВИНФРИ ЌЕ ОДИ НА ТУРНЕЈА СО МОТИВАЦИСКИ ГОВОРИ

Лос Анџелес, (АП)

Опра Винфри ќе оди на турнеја низ САД на која ќе држи мотивациски говори за промоција на здрав живот.
Телевизиската увезда и сопственичка на ТВ-мрежата „ОВН“ најави дека турнејата насловена „Визијата на Опра за 2020: Вашиот живот во фокус“ ќе почне на 4 јануари во Флорида, а ќе продолжи и наредните месеци во повеќе градови како Њујорк, Сан Франциско и Лос Анџелес.

„Она што со сигурност го знам е дека сите заедно можеме да придонесеме за поздрав и поисполнет живот, да се фокусираме на она што ни дава енергија и блискост. Ова е годината да се придвижиме напред, да направиме тоа да се случи во 2020“, напиша Винфри во најавата за турнејата на социјалните мрежи.