КЕСИЧКИТЕ СО ЧИПС СЕ ПОЛУПРАЗНИ ОД ДОБРА ПРИЧИНА, ТАКА СЕ ЗАДРЖУВА КВАЛИТЕТОТ

Њујорк, (Ридерс дајџест)

Кога и да отвораме кесичка чипс, се нервираме што е само до пола полна. Но, постои многу добра причина за тоа. Иако би можело да се претпостави дека производителите прават така заради профит, тоа има врска и со искуството на потрошувачите.

Како што пишува „Ридерс дајџест“, во пакувањата се остава простор со цел чипсот да не се оштети. Патот од фабриката до нечиј дом е доста долг, па компаниите намерно не ги преполнуваат кесичките за да не се издроби чипсот при транспорт.

„Во пакувањата се додава и азотен гас, кој ја одржува свежината на чипсот. Кога би се ставал обичен гас, чипсот брзо би се расипал и би омекнал. Азотот е природен гас и целосно безопасен, а се покажа и дека го подобрува вкусот на чипсот“, пишува „Ридерс дајџест“.

(Фото: Шатерсток)